Шпанија: Во 24 часа спасени речиси 800 мигранти
23.11.2018 11:52
Според шпанското МВР, од јануари дошле околу 50.000 илегални мигранти и бегалци.

Шпанските власти спасиле 778 мигранти во западниот дел на Средоземното Море. Службите за спасувачки операции на море извлекле 590 луѓе кои пловеле со вкупно 12 бродови, а Цивилната стража уште 188 мигранти кои патувале од северна Африка.
Според шпанското МВР, од јануари дошле околу 50.000 илегални мигранти и бегалци. 600 загинале во водите на Медитеранот.
