На Груевски ќе му се суди во отсуство и за случајот „Титаник“
Рочиштето за предметот „Титаник“ продолжува во доказна постапка со емитување на аудио материјалите од прислушуваните разговори кои се докази на обвинителството.

На поранешниот премиер Никола Груевски ќе му се суди во отсуство за случајот „Титаник“ поврзан со изборни нерегуларности. Ваква одлука донесе Судечкиот совет, на предлог на Специјалното јавно обвинителство. Во текот на постапката, судот ќе одлучи и дали на Груевски ќе му биде определен притвор за овој случај.
Рочиштето за предметот „Титаник“ продолжува во доказна постапка со емитување на аудио материјалите од прислушуваните разговори кои се докази на обвинителството.
По правосилната пресуда за набавката на луксузниот мерцедес, Груевски е во бегство. Доби политички азил во Унгарија. Ќе му се суди во отсуство и за случајот со изградбата на кинеските автопатишта, во јавноста познат како „Траекторија“.
