8,3 милијарди денари за одбраната во 2019-та
Воениот буџет за 2019-та ќе изнесува 8,3 милијарди денари. Министерката за одбрана образложи дека средствата ќе се искористат за зголемување на платите, за опрема и модернизација, за мировните мисии и за нови вработувања...

8,3 милијарди денари за одбраната за 2019-та. Ресорната министерка го претстави буџетот. Шекеринска посочи дека за 5 проценти ќе се зголемат платите во Армијата, 20 проценти од предвидените средства се за опрема и модернизација на единиците за мисиите на НАТО и за потребни резервни делови и ремонт на воените возила и летала, а има пари и за зголемиот персонал во институциите во седиштето на Алијансата по членството.
И в година ќе се вработуваат нови професионални војници за да се подмлади армискиот состав. Констатиран е вишок вработени службеници во Министерството и е предвидено тие да се вработат во државни компании или институции.
Професионалните војници откако ќе се пензионираат по 45-та година, ќе обезбедуваат болници, ќе се вработат во шумската или судската полиција.
Воениот буџет секоја година ќе се зголемува за 0,2 проценти, за да до 2024-та ги постигне потребните според НАТО, 2 проценти од БДП.
Ирина Гелевска
