СДСМ: Мицкоски призна дека е горд на криминалите

23.11.2018 13:08

Социјалдемократите со став дека пионот Мицкоски конечно признал дека бил во посета на Белград и Унгарија, признал дека се сретнал со Виктор Орбан неколку недели пред бегството на криминалецот Груевски.

Антизападниот пион Христијан Мицкоски во вчерашното интервју призна дека е горд на криминалите на неговиот ментор и криминалната ВМРО-ДПМНЕ- обвини владејачката СДСМ.

Според партијата, Мицкоски кажал дека со гордост влегува во Белиот дворец изграден во време на најголемата сиромаштија и симбол на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски.

Социјалдемократите со став дека пионот Мицкоски конечно признал дека бил во посета на Белград и Унгарија, признал дека се сретнал со Виктор Орбан неколку недели пред бегството на криминалецот Груевски.

Според СДСМ, се отвора сериозен сомнеж, односно ова е јавно признание дека Мицкоски е дел од планот за бегство на осудениот Груевски.