ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се однесува одговорно

23.11.2018 13:10

Наместо СДСМ да ја префрла топката на ВМРО-ДПМНЕ, нека ги засука ракавите да го расветли случајот и нека поднесе одговорност- се вели во партиското соопштение на опозициската партија.

Втора недела по бегството на Груевски, власта се уште молчи и не понесува одговорност. Јавноста дознава информации од други држави, а нашата влада се уште анализира. Наместо СДСМ да ја префрла топката на ВМРО-ДПМНЕ, нека ги засука ракавите да го расветли случајот и нека поднесе одговорност- се вели во партиското соопштение на опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, притворот за Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски е уште еден еклатантен пример за политички прогон. ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку пати го изнесе својот став дека не се согласува со самото заминување на Никола Груевски, тоа не е опција дури и дури кога сите знаат дека се работи за политички прогон.

Но, сепак одговорноста за бегството на Никола Груевски лежи единствено во власта со која предводи Заев и Спасовски.