Орбан: Унгарија праведно ги третира сојузниците
Без Груевски ќе беше потешко Унгарија да ја заштити границата од мигрантите. Затоа, Будимпешта праведно ги третира сојузниците, изјави премиерот Виктор Орбан во радио интервју за „ЕН-БИ-СИ“, говорејќи за мотивите за давање азил за поранешниот македонски премиер...

Без Груевски ќе беше потешко да се заштити унгарската граница од мигрантите. Затоа Унгарија праведно ги третира сојузниците. Премиерот Виктор Орбан во радио интервју наведува дел од причините зошто му даваат азил на поранешниот шеф на владата, Никола Груевски.
„Станува збор за поранешен лидер на блиска земја, земја која имаше клучна улога за справување со нелегалната миграција. Без таа помош ќе беше многу потешко да се одбранат унгарските граници, човек треба чесно да се однесува кон своите сојузници“, изјави Орбан.
Унгарскиот премиер Орбан посочува дека Груевски сега го прогонуваат организациите поврзани со Џорџ Сорос, за кој вели дека е и негов противник, и затоа треба да го заштити поранешниот македонски премиер.
Тврди дека Владата не одлучувала за азилот на Груевски и поради тоа не сака да се конфронтира со колегите од кабинетот во Македонија. Додава дека е точно оти Македонија побара екстрадиција, но наведува дека процесот има правен пат и за неа ќе се донесе правна одука.
Орбан, во интервјуто дециден- Унгарија ќе се грижи за безбедноста на Никола Груевски. Во вторникот Унгарија му даде азил на Груевски. Тој во барањето навел дека азилот го бара поради политички прогон од новата Влада предводен од партијата СДСМ и поради закани по неговиот живот.
Миле Ристески
