Цедевита го освои вториот куп трофеј “Крешимир Ќосиќ“

28.02.2014 17:08

Во финалето на хрватскиот кошаркарски куп, екипата на Цедевита го совлада Загреб со 86:68, и го освои првиот трофеј сезонава, што е втор куп “Крешимир Ќосиќ“ во историјата на клубот. Фаворитот ги оправда очекувањата во градското дерби, во кое беше подобра во сите четвртини, а двоцифрена разлика оствари уште на полувремето, кое го доби со 47:31. Миро Билан беше најефикасен кај победникот со 20 поени, а Иван Новачиќ со 16 беше надобриот поединец кај Загреб.

Цедевита, која е еден од ривалите на МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата, немаше многу посериозна задача ниту во полуфиналето, кога го елиминира Задар со 82:70, во меч во кој кај ривалот отсуствуваа Лоренс и Лајонс. Во истата фаза, Загреб направи сензација со победата над Цибона, и спречи финална пресметка меѓу екипите кои се во големата четворка во јадранската конкуренција.