Надзор врз разузнавањето- клучна реформа за подобра демократија
Во Законодавниот дом промовирана публикацијата „Насоки за надзор на разузнавањето“. Во фокус е функционирањето на правната држава и ефикасна парламентарна контрола без безбедносните сектори. Со денешниот чин покажуваме дека сме направиле почетен чекор во враќањето на довербата на граѓаните и во институциите надлежни за безбедноста и разузнавањето- рече на промоцијата собранискиот спикер Талат Џафери...

За квалитетен надзор над разузнавачките служби е неопходна експертска поддршка за собраниските комисии за надзор. Ова е клучната реформа што треба да обезбеди подобро демократско владеење. Според пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, парламентарниот надзор е осмислен како мало подрачје кое треба да се остави за опозицијата да се вклучи во процесот на градење довербата во институциите.
Европската унија бара пратениците да ги засукаат ракавите и да ги направат суштинските реформи.
Невладините претставници се пожалија- активностите на службите сѐ уште се одвиваат во тајност, улогата на граѓанскиот сектор е ограничена.
Земји од регионот и од Европската унија ги споделија искуствата. Посочија дека голема е придобивката од собранискиот надзор врз безбедносните служни, бидејќи ако не постои тоа, тогаш службите ќе имаат огромна моќ.
Наташа Гркова- Петрушевска
