Реформи

Дебата за новиот предлог- закон за аниткорупција, Владата тврди дека се обезбедува поголема транспарентност

23.11.2018 15:17

Земјава десет месеци е без Комисија за спречување на корупција. Во Собранието дебата за новиот предлог- закон за оваа област. Владата тврди дека се обезбедува поголема транспарентност. Невладините побараа да се зајакне интегритетот на комисијата, за која велат дека е потребно да биде составена од професионални кадри...

Да се зајакне интегритетот на државната комисија, за да се изгради општество без корупција, предлагаат граѓанските организации. На јавната расправа за новиот текст на Законот за корупција и судир на интереси, рекоа дека се потребни професионални кадри кои ќе ја водат институцијата за да биде ослободена од партиските стеги. Според Слаѓана Тасева, која е дел од работната група, Законот ќе утврди стоги критериуми, кој се може и не може да биде член на Антикорупциска.

Генералниот секретар на Државната комисија за антикорупција достави неколку предлози за нацрт- текстот. Смета дека донесувањето на посебните годишни планови за контрола на финансирањето на политичките партии е нецелисходно.

Од Владата велат дека со Законот се обезбедува поголема транспарентност при изборот на претседателот и членовите на Антикорупциска, ќе се јакнат финансиските средства и просторните услови на Комисијата.

Дел од предлозите на граѓанските организации ќе бидат вметнати во новиот закон. Изработен е од Министерстворто за правда и веќе ја мина владината процедура и првото читање во Собранието.

 

Викторија Милевска