Метео: Променливо време за викендот
23.11.2018 15:38
Максималната температура ќе достигне до 14 степени. Во недела се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд...

Првиот ден од претстојниот викенд во Македонија ќе донесе умерено до значително облачно време со појава на магла по одделни котлини и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе достигне до 14 степени. Во недела се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд на места пообилни особено во западните делови.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
