Грција: Смртоносна вооружена престрелка крај границата со Албанија
23.11.2018 14:12
Според локалните медиуми од Епир, убиениот дилер е албански државјанин, а полицијата трага по уште четири лица.

Дилер на дрога е убиен, а еден полицаец е повреден во вооружена престрелка во близина на грчко-албанската граница, на околу 50 километри од градот Јанина.
Според локалните медиуми од Епир, убиениот дилер е албански државјанин, а полицијата трага по уште четири лица.
Инцидентот се случил во полициска акција за случај со дрога.
