Прилеп

Недела за грижа на старите лица

23.11.2018 16:27

Во Неделата за грижа на старите лица, штитениците од третото доба во домот, го добија вниманието на средношпколците и на добронамерните. Општината со донација на инвентар најавува целосна реконструкција на домот. 130-ината шптитеници во себе ги носат животните судбини, а пораката на социјалните работници е- во старскиот дом животот не завршува...

Тоа е нивниот единствен заеднички дом. Прилепскиот дом за стари лица и во неделата на грижата за лицата од третото доба ги чува животните судбини на сите кои се оставени, но не треба да бидат заборавени. Ги има од целата држава.

Домот располага со девет медицински сестри, осум негуватели, социолог и педагог. Најбитна е, велат, адаптацијата.

Прилепскиот дом е еден од петте јавни установи во земјава. Велат, при експанзијата на приватните домови, неопходни се поголеми капацитети на државните, особено за пензионерите со ниските примања. Надминати се финансиските дубиози, но секогаш е потребно да се подобрат условите. Се најавува целосна реконструција со зафат од околу 15 милиони денари.

Добрата намера на за едницата е повеќе од потребна.

Прилепскиот дом за стари лица е со капацитет од 150 места, има 132 штитеници, од кои 30-ина неподвижни.

 

Елизабета Митреска