Порошенко најави воена состојба поради инцидентот со Црно Море
Инцидентот се случил во Керченскиот теснец на влезот во Азовско Море, значајна стратегиска оска за двете земји. Русија потврди дека ги задржала бродовите и употребила оружје, обвинувајќи ги украинците за нелегални активности во нејзините територијални води.

Украинскиот претседател Петро Порошенко на Парламентот ќе му предложи воведување 60-дневна воена состојба откако Русија нападна и задржа три украински воени брода во Црно Море при што има и повредени.
Инцидентот се случил во Керченскиот теснец на влезот во Азовско Море, значајна стратегиска оска за двете земји. Русија потврди дека ги задржала бродовите и употребила оружје, обвинувајќи ги украинците за нелегални активности во нејзините територијални води.
Европската унија и НАТО ги повикаа да покажат воздржаност. Поради инцидентот, вонредна седница и во Советот за безбедност на ОН.
