Русија ја демонстрира воената сила
Аналитичарите оцненуваат дека по избувнуавњето на украинската криза и покрај заложбите на Русија и меѓународната заедница страстите да се смират, сепак кога е во прашање иднината на Украина, Москва нема така лесно да ја пушти оваа земја цела да се приклучи кон Европа...

Разузнувачкиот воен руски брод „Виктор Леонов“, кој е опремен со напредна опрема за електронско набљудување вплови во водите на Карипското Море крај Куба. Ваквата глетка на бродот украсен на јарболите со кубаснки и руски знамиња го привлече вниманието на Кубанците на кои се уште им се свежи сеќавањата на настаните од минатиот век на биполарниот свет меѓу истокот и западот.
„Ова пристаниште е за туристички бродови и големи крузери, а од вчера го гледаме и овој брод со многу странски војници“, изјави еден очевидец.
Москва побарала дозвола од кубанските власти бродот да ги користи услугите на пристаништето, а кубанските медиуми престојот на рускиот брод го објаснуваат како плод на долгата традиција меѓу Куба и поранешниот Советски Сојуз, кои одржувале блиски и економски врски во времето на студената војна, а кои ослабнале по падот на железната завеса.
Неодамна рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу најави дека Москава планира да го прошири своето постојано присуство надвор од своите граници, обновувајќи ги старите воени врски. Демонстрирањето воена сила на Русите се совпаѓа со времето кога се случуваат настаните во Украина.
Добрите познавачи на глобалните односи оценуваат дека рускиот претседател Владимир Путин нема така лесно да ја пушти Украина да замине на запад или пак да и ја отстапи цела Укарина на Европа.
Полуостровот Крим каде што живее мнозинско руско населние не случајно е избран за епицентар за можните случувања, велат аналатичарите, потсетувајќи дека Укарина веќе е втурната во суптилни меѓународни игри.
„Укарина не смее да биде принудена да избира мегу Москва и Западот. Ова е многу опасно и контрапродуктивно. Секој оној кој ќе се обиде да ја присили Укарина на принципот или е со нас или против нас“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
И покрај тоа што Путин му предложи на Западот дека треба да го искористат своето влијание меѓу фракциите во Укарина за да ги смират страстите, во секој случај аналитичарите оценувааат дека играта што ја води Москава е многу интресна и целосно незвесна за исходот околу Украина.
Мирјана Василева
