МЕКСИКО

Депортирање на мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД

26.11.2018 11:03

Властите успеале да го стават под контрола протестот на граничниот премин меѓу Тихуана и Сан Диего.

Мексиканското министерство за внатрешни најави дека ќе бидат депортирани мигрантите кои се обидоа насилно и илегално да ја преминат границата со САД.

Властите успеале да го стават под контрола протестот на граничниот премин меѓу Тихуана и Сан Диего. Во регионот нема да се пратат војници за да ги контролираат околу 7.400 мигранти, кои пристигнале на Мексиканско- американската граница.