Одложено судењето за собраниските настани од 27-ми април

26.11.2018 11:22

Нов термин на судење е закажан за 27-ми ноември. Под обвинение за собраниските настани се 33 лица.

Поради отсуство на обвинетиот Мунир Пепиќ, во скопскиот Кривичен суд се одложи процесот кој се води за расчистување на собраниските настани од 27-ми април минатата година.

Како што појасни судијката Добрила Кацарска, овој обвинет е отсутен затоа што присуствува на рочиште за случајот „Титаник“, процес поврзан со изборни нерегуларности. Нов термин на судење е закажан за 27-ми ноември.

Под обвинение за собраниските настани се 33 лица. Од нив, 31 се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а двајца за помагање.