ЛОНДОН

Британските Лабуристи против договорот за Брегзит

26.11.2018 11:35

Според Корбин, договорот потпишан во Брисел е на штета на Велика Британија и е „неуспех на преговорите бидејќи со него се намалува правото да одлучуваат за иднината“.

Водечката, британска опозициска Лабуристичката партија во Парламентот ќе гласа против договорот на британската влада со ЕУ за Брегзит, изјави нејзиниот лидер Џереми Корбин.

Според него, договорот потпишан во Брисел е на штета на Велика Британија и е „неуспех на преговорите бидејќи со него се намалува  правото да одлучуваат за иднината“.

За британската премиерка Тереза Меј, договорот е најдобриот и единствениот можен договор за кој британскиот Парламент ќе гласа пред Божик.