Собрание

Мнозинството не го прифати предлог законот за амнестија

26.11.2018 13:16

Од опозициската партија посочија дека со ова законско решение се воведува неселективна правда и дека обвинетите не се терористи.

Парламентарното мнозинство не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ на Законот за амнестија за собраниските настани на 27-ми април. Од опозициската партија посочија дека со ова законско решение се воведува неселективна правда и дека обвинетите не се терористи.

Собранискиот спикер Талат Џафери по одржаното гласање рече дека повеќе нема да се дебатира за овој предлог-закон.

Предлог- законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, се најде на дневниот ред на денешната 66. седница.