Електронскиот регистар во прилог на пописот

26.11.2018 13:19

Агенцијата за статистика ќе ги користи компјутерските средства, што подразбира попишувачите на терен да одат со мобилни уреди кои ќе можат да ги повлечат основните податоци за идентитетот на граѓаните ...

Електронскиот регистар на население е алатка која ќе го олесни пописот, тврди ресонриот министер Дамјан Манчевски.

Агенцијата за статистика ќе ги користи компјутерските средства, што подразбира попишувачите на терен да одат со мобилни уреди кои ќе можат да ги повлечат основните податоци за идентитетот на граѓаните од електронскиот регистар за население, вели Манчевски.

Претходно, директорот на Државниот завод за статистика најави дека овој регистар треба да се објави пред нова година.