Манчевски: Со буџетот за 2019-та ги испорачуваме резултатите кои од нас ги бараат граѓаните

26.11.2018 14:39

Ресорниот министер Манчевски ги презентираше средствата од буџетот на МИОА за 2019-та година. 1 милијарда и 200 милиони денари одат на сметката на Јавниот сервис, МРД и АВМУ. За реформата на администрацијата се предвидени 66, 3 милиони денари. Втората половина од идната година ќе биде клучна за реформата на администрацијата, порача Манчевски. После јуни и извештајот за земјава, ќе се знае дали успешно сме ја реформирале администрацијата, и дали ќе има зголемување на нивните плати, додаде Манчевски.

Една милијарда и двесте милиони денари од вкупниот буџет на МИОА одат на сметката на Јавниот сервис, Македонската радиo-дифузија и АВМУ. За реформите на јавната администрација се планираат 66,3 милиони денари. После јуни и извештајот на Евопската комисија за земјава, ќе се знае дали успешно сме ја реформирале администрацијата, и дали ќе има зголемување на нивните плати, рече Манчевски.

2,4 милиони денари ќе одат за електронскиот регистар на населението, кој се очекува да го помогне пописот. Попишувачите на терен ќе одат со мобилни уреди кои ќе можат да ги повлечат основните податоци за идентитетот на граѓаните од електронскиот регистар за население, посочи Манчевски.

Во тек е и ангажирањето на административците вработени по Рамковен, сите детали рече Манчевск,и за овие вработувања ги има Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор.

 

Фиљана Кока