Со нов закон за градба до подобрување на состојбите во секторот
Се подготвува нов текст на Законот за градежништво. Здружението на градежниците при Стопанската комора ги посочи забелешките околу Законот за градба и просторно планирање. Бараат примена на Законот за енргетска ефикасност и лиценци за компаниите...

Градежниот сектор годинава ја оцени како најтешка во последниве 15 години. Од Здружението на градежништво при Стопанската комора очекуваат новите измени на Законите за градење и на урбанистичко и просторно планирање да ја подобрат состојбата во секторот. Забелешките во новата нацрт- верзија на Законот за градба се однесуваат на енергетската ефикасност, линиската инфраструктура и лиценците на правните лица.
Според министерот за транспорт и врски, Сугарески измените на Законот ќе овозможат интензивирање и реализирање на капиталните проекти во патнатата и железничката инфраструктура. За наредната година се планираат инвестиции од над 300 милиони евра.
Новото законско решение се очекува набрзо да влезе во владина и собраниска процедура.
Дијана Ценевска
