Мала соработка меѓу домашните и странските компании
За да соработуваат и да бидат стратегиски добавувачи за странските инвестиции во земјава, домашните фирми треба да го подобрат технолошкиот развој и процесот на стандардизација во работењето. Мултинационалните компании политиките за набавка треба да ги редефинираат од централно на локално ниво, и со совети да помагаат во подобрувањето на деловните врски...
Неодоволен технолошки развој и ограничени капацитети, недостатоци во спроведување на стандардизацијата и сертификати, главна пречка, домашните фирми да бидат главни снабдувачи на мултинационалните компании. Во најголем дел соработката е фокусирана во делот на снабдување со електрична енергија, вода, гас, услуги за кои странските инвеститори немаат алтерантива од каде да ги земаат.
Анализите покажуваат дека само 37 насто од македонските стопанственици имаат деловна соработка со странските производствени капацитети, кои пак само 30 проценти се снабдуваат со суровини од нашиот пазар, а 61 процент не можат да најдат соодветна опрема и машини. Бизнисмнеите бараат државната помош за да го стандрадизираат производтсвото и отворање на европските фондови.
Од Владата велат дека пари за технолошки развој и подршка за фирмите преку едукација има, но клучот е во менаџментот и нивната способност за организација.
Странските инвеститори бараат домашните производители да инвестираат во квантитет на производството, во поконкурентни цени и во процесот на стандардизација на услугите за да воспостават контиунуирани.
Во анализата на „Фајнанс тинк“ домашните фирми апелираат државата да не дозволува влез на големи странски инвеститори кои имаат потреба од голем број вработени со ниски примања. Им порачуваат на мултинационалните компании да ги редефинираат политикие за набавки, од национлано на локално ниво.
Сузана Фиданска- Стоевска
