Прилеп им исплаќа обештетување на земјоделците

26.11.2018 15:37

Прилепските земјоделци, погодени од невремето во јули годинава во два наврата, почнаа да добиваат обештетување од општината. Ова е за прв пат, а се чека колку проценти ќе им додели и државата за, колку- толку, велат, да ги покријат барем дел од трошоците...

Над 1.300  прилепски земјоделци почнаа да ја добиваат отштетата што им ја додели градот за претрпените штети од јулското невреме. Ќе им се исплатат 100.000 евра, што е три насто од проценетата штета.

Во невремето во јули, на два наврата речиси целосно настрада родот на преку илјада хектари, главно со тутун и градинарски култури. Штетите се проценија на околу 3 милони евра.

Земјоделците очекуваат колку ќе определи државата за да ги обештети. Постапката е во тек. Производителите сакаат да го осигураат родот. Но, велат, сега осигурителните компании многу не биле расположени поради сѐ почестите временски непогоди.

За оштетените земјоделци оваа е веќе загубена година. Се фокусираат на новата производствена сезона.

 

Елизабета Митреска