Не помина предлог- законот за амнестија што го поднесе ВМРО- ДПМНЕ
Собранието не го прифати предлог- законот за амнестија за учесниците во настаните од 27-ми април, што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата не го убеди мнозинството со образложението дека ако власта сака вистинско национално помирување и неселективно спроведување на правдата, треба да поддржи амнестија на сите учесници во собраниските настани. В среда прв состанок на Координативното тело за помирување...

Парламентарното мнозинство го отфрли предлог- законот за амнестија, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ. Целта е национално помирување во вистинска смисла, без селективна правда, рече во образложението пратеничката Невенка Стаменковска. Додаде дека се отворени за соработка и со колегите од СДСМ за подобрување на текстот на законот.
Недозволиво е да има амнестија за сите насилници инволвирани во настаните од 27-ми април, став на СДСМ. Законот мора да направи разлика меѓу организаторите, извршителите и луѓето биле понесени од еуфоријата на собраниските случувања, рече Костадинов.
За во среда е закажан првиот состанок на собраниското Координативно тело за помирување. Треба да го подготви предлогот за амнестија. Нејасно е дали уште на првата средба ќе се разгледува драфт верзијата на законот, со кој според најавите, нема да бидат амнестирани сите учесници во собраниските настани.
Миле Ристески
