Европа да посредува за мирно разрешување на ситуацијата во Украина

01.03.2014 10:27

Посетата на германскиот министер за надворешни работи не ги поправи разнишаните односи меѓу Германија и САД по скандалот со прислушувањето на германската канцеларка Ангела Меркел од страна на американската Агенција за национална безбедност-НСА.

 Шефот на германската дипломатија од Вашингтон упати порака, Америка да остави на ЕУ да посредува во Украина, а американските дипломати да преземат водечка посредничка улога на Блискиот Исток.

Оставете Европа да посредува за мирно разрешување на ситуацијата во Украина, порача германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер во Вашингтон една недела по неговата посета на Киев. Според него Америка и Русија треба да играат конструктивна улога, но судбината на Украинците останува во нивни раце.

„Последните случувања  се уште ме загрижуваат. Продлжуваме да работи да осигураме мирна транзиција. Оваа транзиција треба да биде постигната пред се од самите Украинци.„ -Франк-Валтер Штајнмајер, германски министер за надворешни работи

На средбите во Вашингтон, шефот на германската дипломатија побара поголема размена на информации околу скандалот со прислушувањето на германската канцеларка и други високи европски политичари од страна на американската Агенција за национална безбедност. Вашингтон го смени директорот на оваа агенција, но одби да потпише договор за нешпионирање на кој инсистира Берлин.

Овдешните практики ја тестираат довербата кај американските пријатели, до таа мера што се заканува да застане на патот на останатите работи и можностите што ги имаме.„- Франк-Валтер Штајнмајер,германски министер за надворешни работи

Скандалот со прислушувањето ја намали поддршката на Германија за склучување на Договорот за слободна трговија и инвестициско партнерство меѓу Европската Унија и САД. 

„Германскиот министер за надворешни работи побара враќање на доовербата меѓу Германија и Америка што е нарушена уште од времето на интервенцијата во Ирска.„

За МРТ од Вашингтон, Ирина Гелевска