Русија

Телефонски разговор Путин- Меркел за Украина

27.11.2018 11:51

Путин изнесе оценка за провокативните акции на украинската страна и грубото кршење на нормите на меѓународното право кога украински воени бродови намерно ги игнорирале правилата за мирен премин преку територијални води на Руската Федерација, соопшти Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел за инцидентот во Керченскиот теснец. Изразил надеж дека Германија ќе влијае врз Киев да не донесе избрзани одлуки.

Путин изнесе оценка за провокативните акции на украинската страна и грубото кршење на нормите на меѓународното право кога украински воени бродови намерно ги игнорирале правилата за мирен премин преку територијални води на Руската Федерација, соопшти Кремљ.

Американскиот претседател Трамп рече дека не му се допаѓаат тензиите меѓу Украина и Русија и рече дека се надева оти ситуацијата наскоро ќе биде решена.