Градоначалникот на Косовска Митровица поднесе оставка

27.11.2018 12:23

Оставки поднесоа и тројца од четири градоначалници на српските општини на северот од Косовска Митровица поради прекршување на човековите и економските права на Србите.

Градоначалникот на Косовска Митровица, Горан Ракиќ поднесе оставка од должноста, поради, како што рече, дискриминаторската политика на Приштина насочена против српскиот народ.

Оставки поднесоа и тројца од четири градоначалници на српските општини на северот од Косовска Митровица поради прекршување на човековите и економските права на Србите.

Медиумите соопштија дека Собранието на Општината Митровица донело декларација за прекинување на комуникациите со приштинските власти. Најголемата партија на косовските Срби, Српската листа повика на протест поради одлуката на Вадата на Косово за зголемување на таксите за увоз на производи од Србија и од Босна и Херцеговина на 100 насто.

Во меѓувреме, КФОР соопшти дека во следните денови ќе изведе вежби во северно Косово согласно мандатот добиен од резолуцијата 1244 на Советот за безбедност. Оттаму соопштуваат дека тоа е нормална активност, која нема поврзаност со каква и да е посебна закана или загриженост.