Комисијата препорача да му се одземе имунитетот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски изрази разочарување што, како што кажа, нашиот систем не го обезбеди Груевски за издржување на двегодишната казна за случајот „Тенк“. Побара одговорност и завршување на истрагата за бегството на Груевски.

Без присуство на членовите од ВМРО-ДПМНЕ и без расправа, со пет гласа „за“, Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања донесе заклучок да му препорача на Собранието да му се одземе мандатот на пратеникот Никола Груевски. Според најавите, спикерот Џафери се очекува попладне да свика пленарна седница.
Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски изрази разочарување што, како што кажа, нашиот систем не го обезбеди Груевски за издржување на двегодишната казна за случајот „Тенк“. Побара одговорност и завршување на истрагата за бегството на Груевски.
Груевски кој побегна и доби политички азил во Унгарија, е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“. Обвинет е и во „Траекторија“, „ТНТ“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“, за кои ќе му се суди во отсуство.
Екс- премиерот е осомничен и во неколку отворени истраги на Специјалното јавно обвинителство.
