Социјала

Регистрирани над 1.300 случаи на насилство врз жените, точниот број на жртви не е познат

27.11.2018 12:43

Регистрирани се над 1.300 случаи на насилство врз жените, но точниот број на жртви не е познат, вели министерка за труд и социјална политика Царовска. Македонија како потписник на Истанбулската конвенција, отвори шелтер- центри, но сѐ уште недостига поврзаноста на институциите за заштита и осуда на насилството врз жените...

Над 1.300 регистрирани случаи на насилство врз жените во Македонија, не ја отсликува реалноста, сметаат надлежните и невладините организации во земјава. Ресорната министерка за труд и социјална политика, Царовска посочи дека се отворени пет засолништа за жртвите, чиј капацитет не е исполнет, а недостига и поврзаност на државните институции за заштита и осуда на овој вид насилство.

И од Европската унија посочуваат дека насилството врз жените е проблем во сите земји од западниот балкан.

Мора да се менува менталитетот кај луѓето, за да има нулта толеранција за насилство во земјава, сметаат учесниците на Форумот за спречување на насилството врз жените. Уште од млади години, децата треба да се учат дека насилството е неприфатливо за да израснат во здрави совесни граѓани.

 

Ирина Гелевска