Грција: 24- часовен штрајк на новинарите
Конфедерацијата на работници на Грција за утре закажа генерален штрајк. Меѓудругото, бараат минимална плата од 751 евро, колективни договори, работа за сите и целосна социјална помош.

Во Грција 24- часовен штрајк на новинарите. Бараат потпишување колективни договори, достоинствени плати и пензии, враќање на бонусите и мерки за справување со невработеноста.
Конфедерацијата на работници на Грција за утре закажа генерален штрајк. Меѓудругото, бараат минимална плата од 751 евро, колективни договори, работа за сите и целосна социјална помош.
И бродовите во Грција утре ќе останат закотвени во пристаништата, поради учеството во штрајкот на грчката поморска федерација, додека пак сериозни проблеми во Атина ќе предизвика и штрајкот на јавниот превоз.
