Метео: Утре се очекува снег

27.11.2018 13:32

Попладне и кон крајот на денот можна е појава на слаб снег и на некои пониски места. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика пад на температурата.

Утре поради спуштање на постуден воздух од север во Македонија ќе преовладува облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег со слаб до умерен интензитет.

Попладне и кон крајот на денот можна е појава на слаб снег и на некои пониски места. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика пад на температурата.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска