Аерозагадување

Системски интегриран пристап за намалување на загадувањето

27.11.2018 13:38

Системски интегриран пристап во заштитата на животната средина и намалување на загадувањето, приоритет на Владата. Мерките што ќе бидат преземени треба да помогнат да се реши проблемот со аерозагадувањето...

Енормното загадување во земјава го запали алармот и кај странските дипломати. Францускиот амбасадор во земјава, Тимоние посочи дека има напредок, но се потребни идеи и меѓународна соработка. Предлага да се слушне и ставот на научната фела.

Во идниот период ќе се зголемува бројот на корисници на топлинската мрежа, со нови автобуси ќе се реорганизира јавниот превоз, ќе има построги казни за загадувачите, решение ќе се бара и за социјалните категории граѓани.

Според надлежните, низа мерки кои ќе бидат преземени треба да помогнат да се реши проблемот со загадувачките честички кои до 2025-та година треба да се намалат за 50 проценти.

Системскиот интегриран пристап во заштитата на животната средина е оценка на форумот насловен како „Скопје наспроти предизвиците на животната средина“ организиран од Францускиот институт.

 

Дијана Ценевска