САД: Снежно невреме на средниот запад

27.11.2018 13:48

Во Чикаго е измерена прекривка од околу 30 сентиметри. Полицијата одговори на десетици несреќи во Мичиген.

Отежнат сообраќај и стотици откажани летови поради снежната бура во подрачја на американскиот среден запад. Лизгавите патишта го пролонгираа патувањето на многумина по викендот за Денот на благодарноста.

Во Чикаго е измерена прекривка од околу 30 центиметри. Полицијата одговори на десетици несреќи во Мичиген.

Патиштата во Небраска и јужните делови на Ајова се исто така покриени со снег и мраз.