Сослушани вештаци за убиството на Саздовски

27.11.2018 15:21

Сведочеа вештаци од Институтот за судска медицина. Рекоа дека смртта е последица на тешките повреди на главата. Во моментот на тепањето, Саздовски имал интензивни болки кои престанале откако изгубил свест.

Во Кривичниот суд продолжи судењето против двајцата обвинети за убиството на 20- годишниот Никола Саздовски. Сведочеа вештаци од Институтот за судска медицина. Рекоа дека смртта е последица на тешките повреди на главата.  Во моментот на тепањето, Саздовски имал интензивни болки кои престанале откако изгубил свест.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.