ВМРО-ДПМНЕ: 2018-та е црна година за македонската економија
Додека секојдневно СДСМ ја задолжува државата и граѓаните и се пробиваат психолошките граници, фирмите блиски до СДСМ не можат да постигнат од работа со тендери...

Ветувањата на Заев и неговиот економски тим за раст на економијата од проценти не се остварија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Растот на БДП го ревидираа и меѓународните финансиски институции, изјави портпаролот Арсовски.
„Неспособноста на СДСМ е до толку голема, што не можат ни своите проекции да си ги исполнат. Жално и срамота. Македонија е убедливо на дното во регионот според растот на економиите. Сите околни регионални економии се со раст од над 4%. Ова е резултат на криминалното работење на оваа неспособна криминогена Влада на СДСМ која ја интересираат единствено личните бизниси“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Додека секојдневно СДСМ ја задолжува државата и граѓаните и се пробиваат психолошките граници, фирмите блиски до СДСМ не можат да постигнат од работа со тендери, а граѓаните тонат во сиромаштија и преживуваат од ден за ден, велат од опозициската партија.
