Кисинџер: Време е НАТО да продолжи со проширувањето
Американскиот Стејт Департмент треба да работи со останатите сојузници да сфатат колку е важно да продолжи проширувањето на НАТО. Тоа е наша работа како конгресмени и затоа му испративме писмо на државниот секретар Џон Кери, вели Конгресменот Републиканец од Илиноис, Адам Кинѕинџер за Македонската телевизија. Според него, Македонија е совршен партнер на НАТО и заслужува да стане членка. Кинѕинџер поддржува промена на донесувањето одлуки во НАТО на конзенсус минус еден, бидејќи Алијансата се претвора во неефективна организација.

Време е НАТО да продолжи со проширувањето. Македонија е совршен партнер на Алијансата. Се надевам дека на престојниот самит во Кардиф, Македонија ќе стане членка на НАТО, вели конгресменот Републиканец од Илиноис, Адам Кинѕинџер за Македонската телевизија.
„Мислам дека НАТО треба да има дебата околу начинот на носење одлуки. Понекогаш сме како Обединетите Нации, кога една или две држави ги блокираат другите да дејствуваат во случај на хуманитарни или безбедносни ситуации. Честопати сум инфрустриран кога гледам дека една земја членка од 28 сојузници блокира одлуки, спречува одење напред вклучувајќи и проширување на НАТО. Ова е отворено за дискусија, проблем што е потребен конзенсус и за прифаќање на механизмот конзенсус минус еден. Ова ќе биде тешко, но јас ќе поддржувам да се усвои бидејќи НАТО мора да биде флексибилен, иако за жал сега се повеќе личи на Обединетите Нации поради тесните интереси на некои држави.„ - Адам Кинѕинџер- Конгресмен Републиканец од Илиноис
Кинѕинџер којшто е Потпретседател на Комитетот за надворешни работи во Конгресот и член на групата за пријателство со Македонија, очекува иницијативата на конгресмените коишто неодамна му испратија писмо на американскиот државен секретар Џон Кери со барање Македонија и Црна Гора да бидат примени во НАТО оваа година, дека ќе вроди со плод.
„Тоа е наша работа, да го поттурнеме Стејт Департментот кон проширување на НАТО, да ги охрабри и нашите сојузници да сфатат дека проширувањето е важно. Се надевам со писмото и во разговорите со државниот секретар, ќе се придвижиме кон проширување на НАТО. Се уште има многу работа, но посветени сме на тоа.„ - Адам Кинѕинџер-Конгресмен Републиканец од Илиноис
Конгресменот Кинѕинџер не бил во посета на Македонија, но изјави дека би сакал да ја посети оваа година, во рамките на посетата низ регионот.
„40 американски конгресмени неодамна му испратија писмо на државниот секретар Џон Кери во кое бараат да се заложи за прием на Македонија во НАТО на самитот во септември.„
За МРТ од Вашингтон, Ирина Гелевска