Украина

Растат тензиите на Крим

28.11.2018 10:53

Веста доаѓа откако Украина прогласи воена состојба во земјата во траење од 30 дена, како одговор на Русија која заплени три украински брода во близина на Крим...

Медиумите повикувајќи се на изјави на руското Министерство за одбрана пишуваат дека Русија наскоро ќе распореди противвоздушни ракетни системи С-400 на Кримскиот Полуостров.

Веста доаѓа откако Украина прогласи воена состојба во земјата во траење од 30 дена, како одговор на Русија која заплени три украински брода во близина на Крим.

Новинската агенција „РИА“ соопшти дека ракетите ќе бидат подготвени за употреба до крајот на годинава.