Предвремени парламентарни избори на 27 април

01.03.2014 12:37

Предвремените парламентарни избори да се одржат на 27 април, е предлогот на ВМРО- ДПМНЕ и на лидерот и премиер Никола Груевски, кој изјави дека ВМРО- ДПМНЕ ја прифака фрлената ракавица од ДУИ, бидејќи неприфаќа уцени

Предвремените парламентарни избори да се одржат на 27 април, е предлогот на ВМРО- ДПМНЕ  и на лидерот и премиер Никола Груевски, кој изјави дека ВМРО- ДПМНЕ ја прифака фрлената ракавица од ДУИ, бидејќи неприфаќа уцени. -На 27 април одиме на двојна победа за претседател и за уште еден мандат во владата – изјави претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски, тој на денешната конвенција побара народот да изгласа 62 пратеника независно која партија ќе победи, за да нема повеќе притисоци и уцени кои би ја втурнале Македонија во политичка криза. Груевски се осврна и околу разликата околу името, при што изјави дека Македонија е подготвена на компромис, но тоа несмее да се одрази врз националниот идентитет и како што некој вели да се свитка кичмата.