Прв состанок на собраниското тело за помирување
Сѐ уште е неизвесно кои лица би биле опфатени и дали евентуално би имало и преквалификација на делото. Во телото не партиципираат од ВМРО-ДПМНЕ.

По неколку неуспешни обиди, прв состанок на собраниското тело за помирување. Според најавите, на дневен ред Предлог- законот за амнестија за собраниските настани од 27-ми април, подготвен од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Сѐ уште е неизвесно кои лица би биле опфатени и дали евентуално би имало и преквалификација на делото. Во телото не партиципираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија сметаат дека на овој начин се спроведува селективна правда. Пред два дена не помина нивниот предлог за целосна амнестија за осудените, обвинетите или осомничените лица за собраниските настани.
