Попладнево протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ

28.11.2018 11:07

Повод за протестите, како што велат од ВМРО-ДПМНе, е фактот што државата од страна на СДСМ се води во целосно погрешна насока и дека се тоне во сиромаштија, криминал и корупција.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со антивладини протести. Попладне ќе организира марш од седиштето на партијата до Владата.

Повод за протестите, како што велат од ВМРО-ДПМНе, е фактот што државата од страна на СДСМ се води во целосно погрешна насока и дека се тоне во сиромаштија, криминал и корупција.

Протестниот марш се организира на точно една година од како што велат најцрниот и најмонструозно конструираниот процес во кој што пратеници, заедно со уметници, актери, режисери и оперски пејачи се апсеа и приведуваа за измислен тероризам.