Почина драмскиот писател Горан Стефановски
Тој е еден од најплодните драмски писатели од современата македонска книжевност. Ќе остане запаметен по неговите врвни драмски остварувања- „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“...

Во Англија, во местото Кентбери, по кратко боледување, на 66 годишна возраст почина познатиот македонски драмски писател Горан Стефановски.
Тој е еден од најплодните драмски писатели од современата македонска книжевност. Ќе остане запаметен по неговите врвни драмски остварувања- „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“.
Стефановски е добитник на наградите „Стале Попов“, „11-ти октомври“, „Стериина награда“, и „Војдан Чернодрински“.
Во негова чест, денес во 17.45 часот, документарниот филм „Тоа беше добар филм“ и театарската претстава „Диво месо“ во 21.45 часот, ќе се емитуваат на МРТ1.
