Предлог- буџетот за 2019-та од денеска пред матичната собраниска комисија
Во буџетот се предвидени пари за повисоки плати во здравството, образованието и одбраната, за реформите во социјалната и детската заштита и пензискиот систем, како и средства за воведување „зелена нафта“ во земјоделството. Капиталните инвестиции се проектирани на 25,7 милијарди денари.

Предлог- буџетот за идната година пред матичната собраниска комисија. Вкупните приходи во државната каса се проектирани на 210,8 милијарди денари, а расходите на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 , а стапката на инфлација на 2 проценти.
Во буџетот се предвидени пари за повисоки плати во здравството, образованието и одбраната, за реформите во социјалната и детската заштита и пензискиот систем, како и средства за воведување „зелена нафта“ во земјоделството. Капиталните инвестиции се проектирани на 25,7 милијарди денари.
Министерот за финансии Тевдовски очекува дека идната година ќе се забрза нивната реализација.
