Здравство

Се бара партнер за Детската кардиохирургија

28.11.2018 14:35

Министерството за здравство сѐ уште размислува со која приватна болница да склучи јавно- приватно партнерство за Детска кардиохирургија. Од ресорот најавуваат дека тоа ќе се случи до крајот на годинава. Целосно ќе биде преземен тимот кој ги извршува детските кардиохируршки интервенции, а буџетот што го издвојува Фондот за здравство останува ист.

Додека се изгради новиот клинички центар е потребно јавно- приватно партнерство за Детската кардиохирургија, вели министерот за здравство, Филипче. Информира дека сѐ уште се прават анализи во која приватна болница на државна сметка би се третирале децата со срцеви маани. Тоа треба да познато до крајот на годинава.

Предвидено е целосно да биде преземен тимот кој ги извршува кардиохируршките интервенции. Буџетот што го издвојува фондот за здравство останува ист. 

На Детската кардиохирургија само годинава се извршени околу 60 интервенции на деца со срцеви маани.

Детската кардиохиругија почна да функционира пред шест години. Со тимот работеа повеќе странски доктори. Досега се направени повеќе од 300 операции на детски срца. 

 

Андријана Атанасовска