Финансии

Почна дебатата за буџетот за 2019-та, Тевдовски ветува раст и социјална правда

28.11.2018 15:23

Почна собраниската расправа за буџетот за в година. Тежи 3,7 милијарди евра, најмногу досега. Предвиден е економски раст од 3,2 процента. Министерот Тевдовски најави повисоки плати, инвестиции, намалување на буџетскиот дефицит и водење дисциплинирана политика за стабилизирање на долгот. Според опозицијата, предлогот е мегаломански и популистички...

Вкупни приходи од 3,4 милијарди, расходи на ниво од 3,7 милијарди евра- првиот финансиер ја претстави државната каса за в година. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 насто од БДП или за 500 милиони денари помалку во однос на годинава. Се предвидува раст на БДП од 3,2 процента, стапка на инфлација од 2 насто. 

Буџетот за 2019-та е потврда дека посветено да работиме на постигнување на клучните цели - повисоки стапки на економски раст, подобар животен стандард, владеење на правото, повисоко ниво на социјална правда и зачленување во ЕУ и НАТО, вели министерот Тевдовски.

Опозицијата со оценка, предлогот- буџетот е мегаломански и најголем досега, неразвоен со популистички мерки. Според пратеничката Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните треба да знаат дека се зголемуваат приходите со зголемени даноци, акцизи и придонеси, а се намалуваат субвенциите во земјоделството.

Расправата во матичната комисија според Деловникот можа да трае 10 работни денови. Потоа, предлогот се праќа на расправа на пленарна седница.

 

Сунчица Николоска