Економија

Со интегриран пристап до посериозни инвестиции

28.11.2018 15:29

Земјите од регионот си конкурираат во обидот да привлечат странски директни инвестиции. Сите нудат нудат ниски давачки, евтина работна сила, државна поддршка. На Форум за Западен Балкан во Скопје, оценето е дека ова е неодржливо на долг рок. Испратена порака за формирање заедничка слободна економска зона...

Во привлекување странски инвестиции се тркаме кој ќе биде поевтин, кој подолго ќе остане посиромашен во регионот. А, по фактот дека сме мали економии, анализите покажуваат оние што доаѓаат, остануваат додека имаат финансиска поддршка, се задржуваат ако им биде дадена евтина работна сила, на долг рок не.

Бизнисот и експертите апелираат- секоја економија не треба да биде меѓу себе конкуренција, инвестициските политики регионално да се синхронизираат во слободна економска зона, таксите да се укинат, мобилноста на бизнисите да се зголеми.

Слободната зона и усогласените инвестициски политики на земјите од регионот ќе донесат сериозни големи странски вложувачи, наместо во Русија и Кина да вложуваат во регионот, а секоја економија да испорача работна сила, без разлика во која од државите се лоцирани.

Бизнис- заедницата го поддржува регионално инвестициско поврзување, ќе се подобри атрактивноста на регионот, ќе се зајакнат врските во креирање нови работни места, ќе се зголеми директната поддршка за иновации.

Националниот акциски план за реформи во инвестициската агенда е во финален драфт пред усвојување од Владата.

 

Сузана Фиданска- Стоевска