Порошенко: Путин ја сака цела Украина

29.11.2018 10:49

Порошенко побара помош од западот, го повика НАТО да стационира воени бродови во Азовското Море и да ја поддржи Украина во спорот со Русија. Упати апел до Германија, која е најголем увозник на руски гас, да се откаже од изградбата на гасоводот „Северен поток 2“, преку кој енергенсот би требало директно да се пренесува од Русија...

Украинскиот претседател Порошенко го обвини неговиот руски колега владимир Путин дека сака ја возобнови старата Руска империја и поради тоа да ја припои цела Украина кон Русија.

Порошенко побара помош од западот, го повика НАТО да стационира воени бродови во Азовското Море и да ја поддржи Украина во спорот со Русија. Упати апел до Германија, која е најголем увозник на руски гас, да се откаже од изградбата на гасоводот „Северен поток 2“, преку кој енергенсот би требало директно да се пренесува од Русија до германските потрошувачи преку Балтичкото Море, при тоа заобиколувајќи ја сегашната траса што минува низ Украина.

Во меѓувреме Европската унија соопшти дека е „исклучително загрижена“ поради „опасното зголемување“ на тензиите меѓу Русија и Украина, додавајќи дека не се планирани нови санкции против Москва.

За сите овие барања на Порошенко, Путин кратко коментираше- украинскиот претседател сака да воведе таканаречена оркестрирана криза за изборите кои Киев треба да ги организира наредната година.

Путин денеска го свика и советот за национална безбедност на Руската Федерација.