Ново рочиште за собраниските настани од 27-ми април
На минатото рочиште исказ прес судот даде обвинетиот Митко Пешов, а беа сослушани и неколку сведоци, предложени од одбраната.

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судњето за случувањата во Собранието на 27-ми април минатата година. Случајот се наоѓа во доказна постапка и изнесување на докази предложени од одбраната.
На минатото рочиште исказ прес судот даде обвинетиот Митко Пешов, а беа сослушани и неколку сведоци, предложени од одбраната.
За случувањата во Собранието на 27-ми април 2017-та година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.
