Димитров на состанок за министри за надворешни работи на Западен Балкан во Будва

29.11.2018 11:04

На состанокот ќе се разменат мислења во врска со состојбата во процесот на ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан и обврските од Берлинскиот процес меѓу два самита.

Делегација на Министерството за надворешни работи, предводена од министерот Никола Димитров, денес и утре во Будва ќе учествува на состанок на Министрите за надворешни работи на Западен Балкан, во организација на црногорското МНР.

На состанокот ќе се разменат мислења во врска со состојбата во процесот на ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан и обврските од Берлинскиот процес меѓу два самита.

На состанокот покрај учеството на министрите за надворешни работи од регионот, предвидено е и учество на претставници на Европската комисија, Европската служба за надворешни работи, Австрија, Полска, Обединетото Кралство и Советот за регионална соработка.