Вашингтон

Пелоси кандидат за претседател на Долниот дом

29.11.2018 12:44

Претставничкиот дом се очекува официјално да ја избере за свој претседател во првата недела од јануари 2019.

Демократите во Претставничкиот дом ја номинираа Ненси Пелоси за нов претседател на Долниот дом на Конгресот на САД. Пелоси веќе ја извршуваше таа функцијата во периодот 2007-2010 година.

Претставничкиот дом се очекува официјално да ја избере за свој претседател во првата недела од јануари 2019.

Демократите имаат мнозинство од 234 места во 450-члениот претставнички дом, што може да се зголеми со уште еден мандат по последната останата нерешена изборна трка.