Владата ќе го субвенционира печатењето и дистрибуцијата на пишаните медиуми
Недостигаат печатени медиуми во медумската област во земјава. Владата реши, со 50 милиони денари да се стимулира отворањето весници и нивна дистрибуција. Министерот Поповски негира можна владина поддршка за компромитирање на објективноста на овие медиуми...

Владата ќе го субвенционира печатењето и дистрибуцијата на пишаните медиуми. 50 милиони денари ќе бидат распределени според определени критериуми во согласност со меѓународните стандарди. Еден од нив ќе биде медиумот да ги има платено сите обврски кон државата и придонесите на сите вработени. Тоа подразбира редовни плати и надоместоци за вработените, посочи ресорниот министер Роберт Поповски.
Сите критериуми се усогласени со барањата на Асоцијацијата на печатените медиуми, на иницијатива на ЗНМ и во консултации со синдикатите и стопанските комори. Овојпат во транспарентна постапка, посочува Поповски, ќе се распределуваат средствата, а не како што рече, како претходно да се субвенционира корупција и клиентелизмот на медиумите.
Медиумите на македонски јазик ќе бидат помогнати со 50 проценти за печатење и дистрибуиција, додека оние на јазикот на етничките заедници од 50 до 70 проценти. Со ова вели ресорниот министер, се усогласуваат правилата пропишани со европските документи за поддршка на медиумите од немнозинските етникуми како и определбата на владата за „Едно општество за сите“. Од Асоцијацијата појаснија дека ова сето ќе биде преточено во законско решение.
Дулови смета дека со ова ќе се придонесе за професионализација на новинарството и негово ослободување од партиски влијанија. Министерот Поповски, пак, одговорајќи на новинарско прашање рече дека Владата е подготвена да ги поддржи и електронските медиуми доколку тие понудат соодветно издржано решение.
Фиљана Кока
